Советот на општина Куманово ќе одржи седница идниот вторник

На 29 јули 2025 година (вторник) во кружната сала на зградата на поранешни општествено – политички организации со почеток во 10 часот, ќе се одржи 60-та седница на Советот на општина Куманово, по следниот дневен ред:

-предлог – измена и дополнување на Планот на програми за развој на општина Куманово за 2025 година;

-предлог – програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2025 година;

-предлог – одлука за распределба на финансиски средства наменети за организирање на превентивни мерки и активности од областа на социјалната и детската заштита за 2025 година;

-предлог – одлука за зголемување на основната главнина на јавното претпријатие „Пазаришта‘‘ – Куманово;

-предлог – измени и дополнувања на буџетот на општина Куманово за 2025 година;

-предлог – одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од УЕ „1“, дел од УБ 23-б, плански опфат помеѓу граница на УЕ, регионален пат Р1204, ул. „3-та МУБ“, граница на наменска зона по ГУП – општина Куманово;

-предлог – одлука за исплата на еднократна парична помош од буџетот на општина Куманово за 2025 година;

-предлог – одлука за прифаќање на донација;

-предлог – одлука за изменување на Одлуката за формирање на комисија за процена и утврдување на висината на штетата од природни непогоди и други несреќи на подрачјето на општина Куманово;

-предлог – одлука за изменување на Одлуката за именување на членови на штаб за заштита и спасување во општина Куманово.

Седницата е со директен пренос на програмата на ТВ Плус.