ВМРО-ДПМНЕ: За студентите по двеста и педесет евра за електронски уред

„Студентите ќе добијат по 250 евра или 15.300 денари за електронски уред. Секој студент запишан во учебната 2025/2026 година, на државните или приватните универзитети, ќе добие 250 евра ваучер за купување на електронски уреди. Оваа мерка ќе опфати над 55 илјади студенти, 55 илјади електронски парчиња коишто ќе бидат наменети за студентите.

Зголемување на пензиите за сите пензионери за 2.000 денари. Ова зголемување заедно со претходното од 5 000 денари значи вкупно зголемување од 7 000 денари по пензионер месечно. Грижата за пензионерите останува еден од клучните приоритети во социјалната политика“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.