СВР Куманово поднесе кривична пријава против 56-годишна кумановка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. Пријавената ја злоупотребила својата родителска должност за грижа и воспитување на нејзиното малолетно дете на тој начин што нејзината малолетна ќерка ја присилила на работа што не одговора на нејзината возраст, односно ја наведувала на питачење.