Пронајдена малолетничката која што беше пријавена за исчезната

Од дневниот билтен на МВР ги издвојуваме настаните:

Во СВР Куманово вчера било пријавено дека е пронајдена 17-годишната кумановка, за која што претходно нејзиниот татко С.И. (47) од Куманово пријави дека се оддалечила од домот, соопшти полицијата.

Синоќа, во 23:20 часот во СВР Куманово, 22-годишен кумановец пријавил дека околу 21 часот на улица „11 Ноември“ во Куманово, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, две лица физички го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Полициски службеници од СВР Куманово вчера по 16 часот лишиле од слобода 18-годишен кумановец. Тој се сомничи дека претходно се обидел да одземе мобилен телефон од 33-годишен кумановец. Пријавениот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.