„Kenga Epike” – музичка вечер на албанска народна песна

Второто издание на манифестацијата „Kenga Epike”, која ја негува убавината на албанската изворна песна, се одржа вчеравечер на кумановскиот градски плоштад, во организација на здружението за развој на културата во град Куманово – „Етникум”, под покровителство на Општината.
Пред љубителите на музичката уметност, беа изведени осум народни песни, преработени во современ аранжман, во рок – метал  верзија. Настапија пејачите Шпенд Љатифи и Филонид Алиу со соло интерпретации и музичката група „НА”, се наведува во соопштението испратено до медиумите.