Неколку интервенции на пожарникарите во текот на вчерашниот ден

Екипите на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатото деноноќие интервенирале неколку пати на опожарена сува трева и стрништа, информира Регионалниот центар за управување со кризи.

Според билтенот на РЦУК,  на потегот од липковското село Слупчане кон Ваксинце пожарникарите вчера гаснеле опожарено стрниште, во Проевце зад поранешниот хотел Куба – сува трева, нискостеблеста шума и сува трева екипите на кумановската противпожарна единица гаснеле и во село Канарево, а запалено стрниште евидентирано е и во селото Речица.