Официјализирана соработката помеѓу болницата и техничкото училиште во рамките на дуалните паралелки

ЈЗУ Општа болница Куманово и ОСТУ „Наце Буѓони“ денеска потпишаа договор за официјална соработка во учебната 2026/27 година, во рамките на дуалните паралелки.

Според објавата на веб страната на ОСТУ „Наце Буѓони“, оваа соработка под раководство на директорите Драган Јаневски и Сашо Стошевски, има за цел да овозможи практична настава на учениците во реална болничка средина, каде ќе стекнуваат современи знаења и практични вештини, под менторство на стручни медицински кадри.

„Веруваме дека оваа иницијатива претставува значаен чекор кон развивање на компетентен и квалитетен кадар, кој ќе придонесе за унапредување на здравствениот систем и образовната заедница во Куманово и пошироко“, се вели во објавата.