ВИДЕО: Повредените од пожарот во Кочани во октомври ќе заминат во Златибор

Се прават последните подготовки и списоци на повредените во пожарот во Кочани кои што во октомври, во две групи ќе заминат на одмор и рекреација во Златибор.

Активноста е во организација на Црвениот крст на Македонија, општина Чајетина во Р. Србија и туристичката организација Златибор.

Иницијатор на хуманата мисија, како што објавивме претходно, е кумановецот Марјан Стошевски.

„Првата група од 30 луѓе заминува за Златибор на 18 октомври. Втората група од 30 луѓе заминува на 27 октомври. Во наредните денови Црвен крст Македонија во координација со институциите ќе направат конечен список кои млади луѓе ќе заминат на закрепнување“, истакна Стошевски.