Бизарна незгода на пајак службата

Сакајќи да отстрани непрописно паркирано возило, пајак службата предизвика бизарна несреќа во центарот на градот. Имено пајакот кога кренал автомобил на улицата Илинденска околу  12 часот, закачил кабли, кои наводно биле поставени пониско во однос на законските прописи, по што се откорнала бандера но и едно дрво. На тој начин се оштетиле возила кои биле  паркирани.

Од СВР Куманово го потврдија случајот и истакнаа дека е во тек увидот. На терен беше и првиот човек на јавното претпријатие Паркинг кое е задолжено за пајак службата. Тој истакна дека завршување на увидот, согласно извештајот ќе преземат одговорност и согласно овластувањата ќе ја надоместат штетата на сопствениците на оштетените возила. Додаде дека дисциплинската комисија ќе утврди зошто пајак возилото тргнало во спортивен правец од дозволениот на улицата.

Инаку поради незгодатата улицата беше затворена за сообраќај повеќе од два часа.

Pajak 5

 

 

Коментари

коментар(и)