Бучен Козјак донираше училишен прибор и ранци
Во пресрет на новата учебна година, Бучен Козјак ја покажа својата посветеност кон заедницата и образованието, реализирајќи донација на училишен прибор во основните училишта во Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане.
Донацијата, како што објави Бучен Козјак, опфати сè што е потребно за успешен старт на учебната година – од основен школски прибор до тетратки, моливи, боички и други материјали кои ќе им помогнат на учениците во нивното учење и развој.
Дополнително, компанијата обезбеди комплетен школски прибор и ранци за учениците од ЈУ Детски Дом ,,11 Октомври’’ Скопје и Центар за поддршка во учењето на ученици со попреченост ,,Браќа Миладиновци’’ Куманово заедно со учениците од инклузивна настава, со цел секое дете да започне соодветно подготвено за новата учебна година.
Со оваа иницијатива, Бучен Козјак ја потврдува својата мисија да инвестира во иднината на децата и да придонесе за образование достапно за сите. Компанијата верува дека малите гестови на поддршка можат да создадат големи разлики во животите на учениците и да им помогнат да растат мотивирани и среќни.