Периодов намален е бројот на хоспитализирани деца и амбулантски прегледи во однос на претходните месеци, информираа денеска надлежните од Одделот за детски болести при Општа болница Куманово.
Деновиве преовладуваат стомачните вирози, а со почетокот на учебната година се очекува зголемување на бројот на респираторните инфекции, посочуваат лекарите.