До 20 септември ќе трае повикот за субвенционирање на старите занаети објавен од Регионалната занаетчиска комора на Куманово.
За оваа намена, Општина Куманово издвојува 150.000 денари.
„Ќе субвенционираме десет стари занаети, колку што е предвидено со буџетот од Општината. Иако средствата не се големи, целта е да ги испочитуваме занаетчиите и да дадеме поддршка на нашата историја и култура. Затоа ги повикувам сите занаетчии на стари занаети да се пријават во Занаетчиската комора, во просторијата каде што се наоѓа сувенирницата. Оние што ги исполнуваат условите ќе можат да добијат поддршка“, изјави Агрон Фазлији, претседател на Регионална занаетчиска комора Куманово
Ваучерите на добитниците на субвенции ќе им бидат врачени на 25 септември во Занаетчискиот дом каде што ќе се одржи Саем на занаетчиите.