Алексеј Стојановски победи на Отвореното тениско првенство во Скопје
Уште еден успех на Алексеј Стојановски од Куманово, член на тенискиот клуб „Тумба“. Младиот тенисер победи на Отвореното тениско првенство за јуниори и јуниори до 16 години во Скопје.
-Членот на тенискиот Клуб „ТУМБА“ од Куманово Алексеј Стојановски уште еднаш ги покажа и потврди своите квалитети откако Алексеј Стојановски до титулата дојде откако во финалниот меч го победи Селим Јилдиз член на тенискиот клуб „Аеродром“ од Скопје. Ние како клуб упатуваме искрени честитки до Алексеј Стојановски на остварениот резултат и надеж дека ќе продолжи во ист ритам и континуитет со добри резултати во иднина – се вели во објавата на спортски клуб „Тумба“.