Кривична пријава за предизвикување општа опасност

Од дневниот билтен на Министерството за внатрешни работи ги издвојуваме следните настани:

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против три лица од Куманово, на возраст од 14, 28 и 29 години поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност’’. На 13.07.2025 на место викано ,,Бавчи’’ во Куманово, пријавените запалиле кабли со цел вадење бакар, при што огнот се проширил и зафатил сува трева во околината, соопштија надлежните.

Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека вчера изутрина, 60-годишен кумановец пријавил дека на неговото работно место во доставна служба во Основен суд Куманово бил физички нападнат од негов колега. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Полициски службеници од СВР Куманово вчеравечер лишиле од слобода кумановец бидејќи физички ја нападнал неговата вонбрачна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Вчеравечер полициски службеници лишиле од слобода 28-годишен жител на село Костурник, кумановско. Тој се сомничи дека со употреба на сила влегол во црква Свети Никола на улица „Димитар Влахов“ и одзел пари. Момнчето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.