Училишен прибор за учениците во Доброшане и Биљановце од Црвен крст Куманово
Општинската организација на Црвен крст Куманово донираше триесет комплети училишен прибор за учениците од основните училишта во селата Доброшане и Биљановце.
„Оваа донација има за цел да го поттикне образовниот процес и да придонесе кон подобри услови за учење. Секој ученик заслужува рамноправна можност за напредок, а оваа активност е поттик да се вложува во младите и нивниот развој. Со ваквите иницијативи, Црвен крст Куманово ја потврдува својата посветеност кон создавање поддржувачка средина за учениците и градење иднина во која образованието ќе биде пристапно и инспиративно за сите“, велат од организацијата.