-Во рамките на парламентарната процедура разговарав со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ итно да имаме измени во законите со кои подметнување пожар ќе биде оквалификувано како дело на тероризам, а одлагање на смет онаму каде што не му е местото ќе биде другои кривично дело кое ќе се казнува со казна затвор поголема од пет години, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посета на Општина Јегуновце.
-Ги повикувам и несовесните граѓани кои ги формираат овие диви депонии да престанат да ги формираат, затоа што сите оние кои што ќе бидат фатени ќе бидат најстрого казнети, кажа Мицкоски.