Дечињата од градинката „Ангел Шајче“ вчера имаа можност да бидат дел од ликовен настан организиран од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово и Општинскиот совет за превенција на детско престапништво.
Под мотото „Безбедно движење во сообраќајот – Научи ги и почитувај сообраќајни знаци“, децата на платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, цртаа цртежи и од полициските службенички учеа како безбедно да се движат по тротоарите, пешачките премини, учеа за семафорите и за насоките од полицаец на крстосница и коловоз.
Заедничката активност на децата со полицијата заврши со доделување на дипломи за успешно цртање и учество во ликовниот настан.