Митевски: Дигитализација и нови алатки за поголема транспарентност

„Куманово денес е симбол на одговорно, отчетно и транспарентно управување“, порача Дарко Митевски, кандидат за советник на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во Куманово, на денешната прес-конференција посветена на транспарентноста и отчетноста на локалната самоуправа.

„Општина Куманово веќе е препознаена по својата висока транспарентност и отчетност. Во изминатите осум години ја зголемивме транспарентноста повеќе од двојно, и со резултат од 97.1% денес се наоѓаме меѓу најтранспарентните општини во државата. Ќе има дигитализација на најкористените услуги и нивно интегрирање на националниот портал, воспоставување на електронски документ менаџмент систем, отворање инфо-центар и инфо-линија за граѓаните, изработка на нова инклузивна веб-страница и развој на мобилна апликација за пријавување проблеми и предлози. Ќе се реализираат и младински форуми и панел-дискусии, редовни јавни средби со граѓаните, поставување инфо-табли во руралните средини, навремено информирање преку медиуми и издавање дигитален општински весник со информации за проектите и активностите“, кажа Митевски.