Во организација на ООУ „Толи Зордумис” во рамки на проект од Еразмус + програмата, вчера во Занаетчиски дом се одржа презентација на прирачникот „Звукот на нашите срца” и програма за музикотерапија, одобрени од Бирото за развој и образование.
„Пред присутните, учениците и наставниците преку вежби го објаснија функционирањето на проектните активности, кои можат да се применат во наставата на изборни предмети во основните училишта.
На едукативниот настан присуствуваа претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска и претставници од Секторот за образование на Општина Куманово“, објави Општина Куманово.
„Звукот на нашите срца” – промоција на прирачник и ЦД
