Слаба излезност до 11 часот во Куманово

Во општина Куманово до 11 часот своето право на глас го оствариле вкупно 7,57% од гласачите, односно 6.850 лица, покажуваат податоците на Државната изборна комисија. Податоците за базираат на обработени 96 отсто отсто од избирачките места.

Во Куманово денеска се гласа на 167 избирачки места, а право на глас имаат вкупно 94. 041 полнолетни граѓани.

Во општина Старо Нагоричане до 11 часот гласале 419 лица, односно излезноста е 13,94 отсто. Податоците се базираат на обработени 99,83 отсто од избирачките места, односно 13 места.

Во општина Липково до 11 часот правото на глас го оствариле 6,55% од граѓаните или гласале вкупно 1.726 лица. Податоците за базираат на обработени 99,91 отсто од избирачките места. Во оваа општина денеска можат да гласаат 26.362 лица на 36 избирачки места.