Во кумановското Ново Село в сабота од 10 до 16 часот ќе се одржи манифестацијата „Есенско пазарче“.
На базарот ќе се претстават локални прозводители со свежи производи, зимници, домашни туршии, сокови, слатка, мармалади, сувомесни производи, мед, рачно изработени тестенини, пити, вино и многу други деликатеси.
Освен тоа, ќе има многу забава, можност за изнајмување велосипеди, како и работилница за деца.
Есенското пазарче се одржува трета година по ред во организација на здружението за рурален развој „Ума Сто“ од Куманово.