„Ќе бидам градоначалник кој ќе обединува, ќе соработува со бизнис заедницата, со невладините организации. Заедно ќе креираме решенија со што ќе го подобруваме квалитетот на животот на граѓаните и ќе ги решаваме и локалните економски проблеми“, кажа денеска независниот кандидат за градоначалник Горан Стојковски – Диро, по зачестените напади на социјалните медиуми.
Стојковски ги повика сите советници да соработуваат за Куманово бидејќи имаат шанса да покажат нов начин на функционирање на Советот.
-Очигледно дека на многумина во партиските штабови им требаше подолго време за да сфатат, прифатат и да ја разберат пораката што им ја прати Куманово. Не се доволно инвентивни, не можат да најдат криминал, не можат да најдат корупција, и сега она што им е најприфатливо е преку лажни профили, преку профили кои што стојат позади тоа што го зборуваат се обидуваат да направат паралела со она што се случува во Скопје. Првин ние сме голема општина, но мал град. Ние мора во се да бараме нова шанса. Ние мора да сме креативни и ние мора да се обидеме да внесуваме постојано нешто ново. Јас во она што тие го зборуваат само гледам нова шанса. Од првиот ден кога настапував јасно и гласно кажав дека претседателско место во Советот ќе им биде понудено на ВМРО-ДПМНЕ затоа што тие се на власт во Македонија. Овој нов Совет шаренолик, како што е и Куманово шаренолико, може да биде шанса за сите нас. Од кој аспект? Првин Советот ќе биде прва брана која ќе реагира на било каква можност за коруптивно дејание на новиот градоначалник. До сега имавме Совети кои што комплетно ги контролираше градоначалникот. Се поминуваше без да се размислува, дуп- ови, проекти, од кои што подоцна видовме дека се проблем. Јас како што верувам дека моите луѓе во тим за редот се со силен личен дигнитет, исто така верувам во сите 31 советник и ја користам оваа прилика да им посакам успех во наредната работа, се луѓе со став и луѓе кои што навистина сакаат да работат за Куманово. Значи, ќе имаме Совет кој што првпат нема да го контролира градоначалникот, кој што заедно со новиот градоначалник ќе работи за да се подобри начинот на живот на граѓаните во Општина Куманово. Значи прва брана дека нема да има никакви коруптивни дејности е овој Совет. Понатаму, зошто ВМРО-ДПМНЕ, затоа што Куманово на премиерот Мицкоски му даде повеќе од 20.000 гласови на минатите парламентарни избори. Ја сум сигурен дека Мицкоски ќе сака да врати, тој е човек од збор, верувам дека како и сите ја сака Македонија и го сака и Куманово. И уште нешто, јас кажав дека ќе сум градоначалник кој ќе соработува со бизнис заедницата, со невладини организации. Заедно ќе креираме решенија, со што ќе го подобруваме квалитетот на животот на граѓаните и нормално, ќе ги решаваме и локалните економски проблеми. Ова е таа новина што сакам да им ја претставам на сите. Ова е тоа што гласаат кумановци. Верувајте, во мојот живот имам добиено многу дипломи, многу серитификати, многу медали. До сега најдрага диплома ми беше од моите внуци, дипломата – најдобар вујко на свет. Ова признание што ми го дадоа кумановци минатата недела е нешто бесценето, ова е најголемо признание што некогаш сум го добил во животот. Горан – Диро никогаш не бил против било кој во Куманово, Горан – Диро е градоначалник кој сака да обединува, не да оди против. Секогаш сум го слушал гласот на Куманово, секогаш сум го почитувал, Куманово кажа дека сака промена. Јас сакам да соработувам со сите и апсолутно нема да реагирам, како и во целата кампања на било каква задкулисна игра, на било каква навреда да вратам слично. Овде сме сите за Куманово и ги повикувам сите советници да соработуваме за Куманово. Ние имаме нова шанса, да покажеме нов начин на функционирање, за првпат градоначалникот да не го контролира Советот, туку да работи со Советот. Ние мора да ја искористиме сите заедно оваа шанса, изјави Горан Стојковски – Диро, независен кандидат за градоначалник на Општина Куманово од група избирачи „Ред за Куманово.