На Спомен – костурницата кај Зебрњак со пригодна манифестација денеска беше одбележана 113- годишнина од Кумановската битка.
Пораки од местото на првиот поголем оружен судир меѓу српската и турската војска во рамките на Првата балканска војна 1912 година, но и големата победа на Србите, упатија претседателката на Српската заедница во Македонија Гордана Јовиќ – Стојковска и државен секретар во српското министерство за труд и вработување, боречки и социјални права Зоран Антиќ.
Свежо цвеќе и венци во чест на загинатите во Кумановска битка положија делегации од Македонија и Србија, потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, Српската заедница во Македонија, претставници од амбасадите на Русија и Народна Република Кина, делегација од општина Старо Нагоричане, политички партии, невладини здруженија и граѓани.
Историските податоци говорат дека во Кумановската битка загинале над 700 српски борци, повеќе од 3000 биле повредени и околу 600 исчезнати лица.
Спомен-обележјето е најзначајното остварување на белградскиот архитект Момир Коруновиќ. Споменикот свечено е осветен на 31 октомври 1937 година, на 25-годишнината од победата во Кумановската битка. Имал облика на кула во висина од 48,5 метри. Монументалниот споменик на ридот Зебрњак кај Куманово е урнат на почетокот на Втората светска војна.