Максим Димитриевски, кандидат за градоначалник на Општина Куманово од Движењето ЗНАМ- За наша Македонија деновиве се сретнал со претставници на Коалицијата ВРЕДИ, од кои што добил поддршка за вториот круг од локалните избори што ќе се одржат на 02 ноември годинава.
„Остварив средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, организациониот секретар на Алтернатива, Башким Муртези и пратеникот Даниел Стојчевски. Во топлиот и искрен разговор од претставниците на коалициониот партнер Влен добив искрена и силна поддршка за вториот круг во Куманово, поддршка која ја отсликува мултиетничката и мултикултурната реалност на нашиот град, која дава дополнителна енергија и мотив да продолжиме напред во остварување на проекти во интерес на сите граѓани на Куманово, објави Максим Димитриевски.