„Животен цагер“ е насловена првата поетска збирка од кумановецот Мирослав Димевски, директор на основното училиште „Карпош“ во село Умин дол што беше промовирана деновиве во Занаетчискиот дом во Куманово.
Промотор на првото авторско дело на Димевски беше Христина Алексовска, наставничка по македонски јазик.
Присутните имаа можност да слушнат дел од песните од „Животен цагер“ кои беа прочитани на промоцијата, меѓу нив и песните посветени на неговите три ќерки.
За авторското дело на Димевски само пофални зборови од колективот, роднините, пријателите.
„Во овој случај, мојот драг пријател и сват, го оствари својот животен цагер, поклопувајќи ги стрелките на животот и навршувањего на 55 години од сопствениот живот“, е само една од објавите.