Со само 16 години, младиот талент Јован Додевски – Доде од „DODE BARBER STUDIO“ во Куманово покажа дека со труд, љубов и посветеност – соништата стануваат реалност.
На меѓународното натпреварување во берберство што се одржа минатата седмица во Анталија, Турција, Јован го освои првото место, носејќи гордост, среќа и инспирација за многумина. Но, неговиот успех не е случајност – тоа е резултат на часови вежбање, страст кон професијата и желба да биде подобар секој ден, посочува Јован.
„Ова е уште една потврда дека младите треба да веруваат во своите соништа – тие се остваруваат кога работиш со срце,“ изјави Јован.
Од ученик до шампион – ова е само почеток на една голема приказна за Јован Додевски – Доде од „DODE BARBER STUDIO“ во Куманово.