По повод Европскиот ден на правдата – 25 октомври, а на покана од Основниот суд во Куманово, гимназијалците од општествено-хуманистичкото подрачје, комбинација А (ОХ-А) во СОУ „ Гоце Делчев“ го посетија Основниот суд Куманово. Учениците беа придружувани од наставнички по активот по историја, инаку менторки од проектната активност „Мир, толеранција и заштита”.
„Учениците се запознаа со работата на Судот и имаа организирано предавање. Тие го особен интерес го искористија Отворениот ден, предвиден меѓу другото токму за овие ученици, дел од кои во иднина ќе се насочат кон правните науки“, пишува во објавата на СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ – Куманово.