Редовна настава во училиштата по лажните пријави за бомби

Во кумановските училишта денеска се одвива редовна настава откако доцна синоќа Министерството за внатрешни работи соопшти дека пријавите за наводно поставени екплозивни направи во училиштата се лажни.

Во соопштението на МВР испратено до медиумите се вели:

– Денеска (28.10.2025) околу 18:00 часот во СВР Скопје и СВР Куманово пријавено е дека на емаил адресите во 30 училишта во Скопје и 17 училишта во Куманово пристигнати се пораки за наводно поставени експлозивни направи во училишта. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави, велат од МВР.

Инаку, вчера попладне на имеил адресите на сите училишта во Куманово пристигнале пораки за наводно поставени експлозивни направи, по што учениците кои посетуваа настава во втора смена веднаш биле безбедно евакуирани по насоки од Секторот за внатрешни работи Куманово.