Изборниот процес во Куманово во мирна и демократска атмосфера

Изборниот процес во Куманово тече мирно, до сега нема регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, информираат надлежните од Општинската изборна комисија Куманово и Секторот за внатрешни работи Куманово.

„Засега се тече како што треба, опремата си работи како што треба, отворено е во 7 часот, нема никакви пријавени проблеми, гласачите си гласаат“, изјави Кристина Цветковска, претседател на ОИК Куманово.

-На подрачјето на СВР Куманово не се регистрирани прекршоци за нарушување на предизборниот молк и до сега изборниот процес поминува мирно без никакви нарушувања на јавниот ред и мир, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

„Гласањето започна во седум часот наутро, излезноста до 12.30 часот изнесува 38 од 439 гласачи, односно околу 8 проценти од вкупниот број избирачи“, изјави Јасмина Денковска, претседател на ИО на избирачко место 1013/1 во ООУ „11 Октомври“ – Куманово.

„Гласачкото место е отворена навреме, во седум часот. Во ова избирачко место 1046 има вкупно 584 гласачи, до 12.30 часот  излезноста е 120 гласачи.  Праксата покажува  дека во попладневните часови граѓаните повеќе излегуваат на гласање“, изјави Сузана Николовска, претседател на ИО на избирачко место 1046 во библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово.