Утре, 5 ноември се одбележува Светскиот ден на ромскиот јазик. 5 ноември е прогласен за Светски ден на ромскиот јазик во 2015 година од УНЕСКО, на барање на Република Хрватска. Претходно, во 2012-та хрватскиот парламент официјално го признал ромскиот јазик.
Во пресрет на одбележувањето на Светскиот ден на ромскиот јазик, во организација на Центарот за ромска заедница ДРОМ – Куманово, со поддршка на Општината, денеска во Занaетчиски дом се одржа пригодна манифестација на која претставници на општината и на невладината организација говореа за историјата и културните вредности на ромскиот јазик.
Свечената програма беше збогатена со видео репортажа изготвена од студенти од ромска националност, поетски творби и музички точки.
