ВИДЕО: „Пензионерите за својот град“ во чест на 11 Ноември

Здружението на пензионери „Куманово” вчеравечер ја одржа традиционалната манифестација „Пензионерите за својот град” по повод 11 Ноември, денот на ослободувањето на Куманово.

Во големата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев” настапија членови на фолклорна, хорска и пеачка секција од здружението, а беа прикажани и инсерти од претставите „Ленче Кумановче” и „Коштана”.

Вечерта беше збогатена и со настапите на членовите на „Срма“ од Куманово.

Инаку, минатиот месец членови на здруженијата на пензионери од Куманово, Крива Паланка и Ранковце учествуваа на 24-от Меѓународен фестивал на трета доба во Словенија, кои што со ора и песни настапија на две фестивалски вечери.

Впечатоците од синоќешната манифестација, но и учеството на фестивалот во Љубљана ни ги пренесуваат Љубица Кузмановска од здружението на пензионери од Куманово и Снежана Андова, член на Извршниот одбор на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија.