Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово лишиле од слобода 35-годишна кумановка. При контрола на патниот сообраќај со радар констатирано е дека управувала патничко возило „бмв“ со брзина од 92 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти МВР.