Кривична пријава за „проневера во служба“
Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против 57-годишна кумановка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, пријавената, во текот на 2024 година во својство на директор на средно училиште во Куманово, присвоила два мобилни телефони сопственост на училиштето, кои и биле доверени за користење, односно по завршување на нејзиниот мандат не ги вратила, со што се стекнала со противправна имотна корист од околу 130.000 денари.