Гимназијалци ќе претстават свои иновативни решенија за здрава животна средина во Сараево
Гимназијалци од Куманово од Upshift клубот за социјални иновации, месецов во Сараево на Еразмус+ UPSHIFT BOOTCAMP ќе ги претстават своите иновативни решенија и идеи за здрава животна средина.
„Прекрасни вести од Upshift клубот за социјални иновации кој во нашето училиште функционира од почетокот на октомври. Два тима од нашето училиште успеаја со свои иновативни решенија да се пласираат меѓу 5 тима од Македонија кои своите идеи за здрава животна средина ќе ги разработуваат на Еразмус+ UPSHIFT BOOTCAMP во Сараево од 10-14 ноември, во конкуренција на средношколци од Хрватска, Албанија и БиХ. Оттаму по 2 тима од секоја од државите ќе добијат по 1600 евра за реализација на нивните идејни решенија.
Тим 1: Матео Митевски, Андреј Доневски, Меланија Цветковска III-2, Каја Трајковиќ II-2
Тим 2: Илина Арсовска III-2, Наум Митковски, Лора Николовска II-2, Михаил Цветковски II-1“, пишува во објавата на СОУ Гимназија „Гоце Делчев“.