Голем танцов настан во Куманово в недела во Спортската сала
На 9 ноември (недела) во Спортската сала во Куманово не очекува настан за паметење организиран од 6 танцови клуба од нашиот град Ultra, Fusion, Динамик, Мак, Виртус и Skill Factory во соработка со Асоцијацијата за култура и уметност – Мулти Арт и поддржани од градоначалникот Максим Димитриевски и Советот на Општина Куманово.
Клубовите ќе се претстават со своите најдобри танчери и креативни кореографии.
Идеен творец на проектот е Стојадин Ивановски- Дине, а идејата веднаш е поддржана од професионалните кореографи од Куманово.
За денот на нашиот град да го одбележиме со позитивна енергија и љубов кон танцот, дојдете и бидете дел од магијата на танцовата приказна која го обединува Куманово, во Спортската сала, в недела од 19 часот.
Влезот е 150 денари.