ВИДЕО: Се инвестира во Општа болница Куманово
Во Општа болница Куманово периодов се изведуваат повеќе градежни активности. Како што соопшти директорот Сашо Стошевски, освен што се уредува паркинг просторот со што ќе се обезбедат дополнителни 140 паркинг места, се реконструира и дневната болница на детското одделение, се варосуваат интерното, инфективното одделение, биохемиската лабораторија, набавени се нови машини и друга опрема за потребите на пералната. Дел од градежните активности се изведуваат со донации од општествено одговорни компании, а благодарение на бизнис секторот и просториите во болницата ќе бидат целосно климатизирани.
Видеото со изјавата од директорот на ЈЗУ Општа болница Куманово Сашо Стошевски, по вестите во 18 часот.