Запленети непријавени девизи на ГП Табановце
Мобилните царински тимови во текот на изминатата седмица на влез во државата на граничниот премин Табановце заплениле 14.000 евра, соопштија надлежните.
Според Царинската управа, при личен претрес на српски државјанин кој со автомобил со српски регистарски таблички се пријавил за влез во државата на граничниот премин Табановце, во џебовите од неговата јакна биле пронајдени непријавени 24 илјади евра. Согласно закон, му биле вратени 10 илјади евра, износ што може слободно да се внесе во државата, а останатите 14 илјади биле привремено задржани, појаснуваат од Царина.