Отворена изложбата „Асоцијативни апстракции“ од Марјан Стојаноски

Во изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово отворена е изложба на слики од Марјан Стојаноски. Под наслов „Асоцијативни апстракции“ тој се претстави со циклус од дваесеттина слики работени во последните две години.

Марјан Стојаноски (Прилеп, роден 1983), дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Реализирал многу изложби. Живее и работи во Прилеп.

Изложбата во Куманово ќе биде отворена до 13 ноември годинава.