Одлични резултати на натпреварувачите на ТК „Тумба“ Куманово

После пауза од 13 години Тениската федерација на Македонија го организираше тенискиот турнир за тениски ветеранки каде што настапи и клубот  „Тумба” од Куманово.

„Нашиот настап на турнирот беше одбележан и со одличен резултат каде првото место го освои нашиот претставник Марија Златевска, додека третопласирана беше Катерина Димковска. Одличен настап имаше Драгица Томовска која својот настап го заврши во четвртфиналето. Турнирот помина во одлична организација и мечевите се одиграа на тениските терени на тенискиот клуб Мондано во Скопје. Одличната недела на успеси на нашиот тениски клуб ја круниса и нашиот член Алексеј Стојановски кој го освои завршниот мастерс тениски турнир за јуниори до 14 години. Во финалето Алексеј го совлада Марин Стефановски од ТК ИТЦМ од Скопје со 2-0 во сетови 6/3, 6/4“, соопштија од тенискиот клуб „Тумба“ Куманово.