Се проширува булеварот „Октомвриска револуција“

Започна изградбата на дел од булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, соопшти градоначалникот Максим Димитриевски. Според објавата, станува збор за дел од булеварот на потегот од улицата „Доне Божинов“ до улицата „Братство Единство“.

Според надлежните, проектот за изградба на кракот од „Октомвриска револуција“ ќе чини околу 25 милиони денари, а по завршувањето на овој дел ќе се отпочне со изградбата на новиот кружен тек.

Во меѓувреме, партерно се уредени уште 5 краци од улицата „120“ во населба Карпош.