Утре ќе се одржи втората седница на Советот на Општина Куманово. Меѓу предложените 33 точки на дневен ред, ќе се најде и предлог –одлуката за проширување на средствата на Буџетот на Општина Куманово за 2025 година. Новиот состав на Советот ќе расправа и за финансиското работење на јавните ретпријатија „Куманово – план“ и „Куманово -гас“.
На дневен ред се и предлог – одлука за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово, предлог – одлука за субвенционирање на линиски превоз на патници за линии утврдени со Спогодба за утврдување на заедничко организирање на извршување на линиски превоз на патници помеѓу Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане.
Седницата е со директен пренос на програмата на ТВ Плус.
