ВИДЕО: МВР: Граѓаните да не употребуваат пиротехника

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска упати апел до граѓаните, во кој ги повикува да се воздржат од употреба на пиротехнички средства за време на новогодишните празници.

Воедно, МВР потсетува на законските одредби во кои е санкционирана употребата на пиротехнички средства, прекршочни глоби кои предвидуваат и затворски казни за лицата кај кои ќе бидат пронајдени експлозивни материи.