Крводарителска акција во државното средно училиште „Киро Бурназ“

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина вчера организираше крводарителска акција во ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ“.

„Својата хуманост ја покажаа 20 крводарители со што дадоа значаен придонес во обезбедување крв за оние на кои им е најпотребна“, велат од Црвен крст Куманово.