Во пресрет на новогодишните празници, Општина Куманово традиционално подарува пакетчиња на детското одделение, децата без родители, дневните центри за лица со попреченост и останати ранливи групи.
Децата кои што се хоспитализирани на детскиот оддел, но и во дневната болница денеска ги посетија претседателката на Советот на општината Ивана Ѓорѓиевска и претставници на Секторот за социјална и детска заштита, заедно со Дедо Мраз.