Четириесет ученици се испишани од основните и средните училишта во Општина Куманово во првото полугодие од учебна 2025/2026 година, соопштија денеска надлежните од Секторот за образование. Бројот на учениците се намалил заради преселба во друг град во земјава или иселување во странство.
„Од основните училиште се испишале 38 ученици од кои 29 поради преселба во друга општина во рамки на границите на државата и 9 поради преселба во друга држава. Во средните училишта во првото полугодие се испишале 2 ученика поради преселба во друга држава, заклучно со ден 05.02.2026 година“, соопшти Алексадар Јовановиќ, раководител на Секторот за образование – Општина Куманово.