Улицата „Севдо Станковски“, која се наоѓа во близина на џамијата во населбата Тоде Мендол денеска беше пуштена во употреба. Претходно на истата беше поставена канализациона мрежа. Активноста е дел од развојната програма на локалната самоуправа за тековно одржување на комуналната инфраструктура во градот.
-Овде беше доста уништена инфраструктура претходно има корегирано подземна инфраструктура и е направена улица во должина од 135 метри околу 850 квадратни метри од тековната програма за одржување на улици. Продолжуваме овие денови е почнато со долниот слој на улица Перо Илиевски и ќе биде завршено асфалтирање, потоа продолжуваме со улицата Шарпланинска и Црнотравска е во фаза, Братство и единство е распишан тендер, Јоско Илиевски е веќе почнато-истакна првиот човек на Куманово, Зоран Дамјановски.
Во рамки на активностите за санација и реконструкција на патната инфраструктура е предвидено асфалтирање од околу 30.000 квадратни метри како и 7.000 квадратни метри крпење на ударните дупки.