Полициски службеници од СВР Куманово вчеравечер лишиле од слобода 35-годишен жител на село Љубодраг, кумановско. При контрола во сообраќајот на улицата „Доне Божинов“ полициските службеници сопреле возило „пежо“ и по преземени мерки било констатирано дека возачлот го управувал возилото без положен возачки испит и без да ја продолжи важноста на сообраќајната дозвола.
Во одделен случај, полициски службеници ноќеска околу 3 часот лишиле од слобода 35-годишен кумановец. При контрола во сообраќајот на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ полициските службеници сопреле возило „фолксваген поло“ и по преземени мерки било констатирано дека го управувал возилото пред да се стекне со право на управување со моторно возило. Известен е јавен обвинител и по негова насока возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.