Од денеска започнаа натпреварите од финалниот турнир од Купот на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“ . Завршницата на Куп натпреварувањето за првпат се игра во Куманово во реконструираната спортска сала. Утре се играат полуфиналните дуели , а финалето е предвидено да се игра во недела (15 февруари) со почеток во 19 часот.
Организаторот на финалниот турнир, МКК Куманово, информира дека сите заинтересирани љубители на кошарката ќе можат да си обезбедат влезен билет по цена од 150 денари за еден натпревар, а продажбата на влезниците за „Фајнал-ејт“ турнирот во Куманово ќе се одвива преку онлајн сервисот на „МКТикетс“.
Влезни билети се продаваат и на благајната на спортската сала.
Претседателот на МКК Куманово Ненад Стојановски на неодамнешната прес-конфереција кажа дека очекува победа.
фото: Кошаркарска федерација на Македонија