Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера напладне на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници лишиле од слобода 54-годишен државјанин на Сојузна Република Германија. При гранични проверки и контрола на возило кампер „бенимар” со германски национални ознаки, кое го управувал, пронајдени се и одземени марихуана, бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, дробилка и други предмети. Запознаен е јавен обвинител и лицето е задржано во СВР Куманово.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.