Во просториите на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Куманово се реализираше првата обука – дисеминација во рамките на програмата ЦКА/ПХВ (Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности) на која учествуваа ученици од две средни и четири основни училишта, заедно со посветени мини-ментори, под водство на овогодинешната дисеминаторка Габриела Бошковска.
„Преку интерактивни активности младите се запознаа со хуманите вредности, тимската работа, волонтерството и можностите за креирање мали проекти со кои ќе направат вистинска промена во локалната заедница. Оваа работилница го означи почетокот на новиот ЦКА/ПХВ циклус, во кој младите ќе работат на идеи, истражувања и активности насочени кон помош, солидарност, толеранција и соживот“, соопштуваат од Црвен крст Куманово.